Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го најави започнувањето на уште еден нов капитален проект од над 2 милиони евра.


-Го означуваме почетокот од првата фаза за реконструкција на Хидромелиораривниот систем за наводнување “Дебарско поле “со реконструкција на пумпната станица, рече Николовски.
Тој посочи дека со реконструкцијата на пумпната станица, главниот канал и реконструкција и доградба на долната мрежа за наводнување, се зголемува опфатот на наводнувани површини до 1650 хектари земјоделско земјиште.

– Силно сме посветени во нашата цел да имаме модерни, функционални системи за наводнување по европски стандарди. Нека е честит почетокот, и со лесно нека течат градежните активности за реконструкција на пумпната станица на Хидромелиоративниот систем за наводнување “Дебарско Поле”, нагласи Николовски.




