Николовски од конференцијата „Grow up“ во Копаоник: Со „Опен Балкан“ успехот е и мерлив и видлив

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски учествува на регионалната конференција „Grow up“ што вчера и денеска се одржува во Копаоник, Република Србија.

347411941_243602545022368_66722805851245489_n

Конференцијата е во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а Николовски и министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ имаат обраќања на тема „Регионална поврзаност како можност за развој”.

-Секогаш кога зборувам за ОтворенБалкан зборувам со гордост, бидејќи успехот е и мерлив и видлив. Обединет регион со отворени граници и единствен пазар за стоки услуги и луѓе. Сите заедно треба да гледаме на земјоделското производство како заедничка шанса за влез на пазарот на ЕУ, порача денеска Николовски.

347253200_1323242048402690_6139850376411797065_n
– Познати сме по вкусната храна, по интензивниот вкус на нашите земјоделски производи, затоа заедно треба да се заложиме, да ги исполниме сите критериуми и да ги освојуваме европските пазари. Виното е нашиот најголем адут, тоа го потврдивме сите заедно на првиот саем за вино “Wine vision Open Balkan”. Поволната клима и поднебје ги прават совршени услови за создавање на најдоброто балканско вино. Благодарение на можностите што ги дава заедничкиот пазар, овој регион може да стане најбрзо растечки регион во Европа, дециден е министерот Николовски.

347242591_2443109305863691_8450628758449141955_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e