Николовски: Овој викенд низ цевководот Макарија ќе потече вода, системот е саниран во најбрз можен рок

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска заедно со градоначалникот на општина Росоман Стојанче Николов и претставници на Управата за водостопанство, извршија увид во завршните активности за санирање на системот за наводнување Макарија во општина Росоман.

4
– Овој викенд низ цевководот Макарија ќе потече вода, системот е саниран во најбрз можен рок. Денеска сме сведоци на завршните активности за санацијата на најголемата хаварија во водостопанстката инфраструктура досега, порача денеска од терен министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

2
-Владата и МЗШВ ја одигра својата улога, и заеднички со другите институции веднаш делувавме, обезбедивме финансирање и ја завршивме работата во интерес на земјоделците од Росоман и Градско. Честитам на сите што се дел од решавањето на овој тежок и комплексен проблем. Секогаш сме тука за вас!-порача Николовски.

1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e