Николовски денеска во скопски Карпош: 90.000 килограми домашни кајсии поделени на децата од градинките ширум земјава

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во рамки на проектот „Здрав оброк за секое дете”, беа во посета на детската градинка „Орце Николов” во општина Карпош.

363283893_819214949572343_5979732228291898575_n

Министерот Николовски и директорот Бачовски на дечињата им доделија пакетчиња со еден килограм здрава ужинка, домашни македонски праски, а заедно со дечињата учествуваа во работилниците за здрава храна приготвувајќи здрави оброци.

Проектот „Здрав оброк за секое дете” започна од минатата недела и до сега до дечињата од детските градинки се доделени 90.000 килограми домашни кајсии. Секое запишано детенце во градика, еднаш неделно добива по еден килограм македонско овошје, кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа.

362987790_819215076238997_9117656774620937002_n

Веќе од оваа недела до секое детенце во секоја детска градинка ширум државата започнуваме со испорака на 175.500 килограми домашни праски.

Проектот „Здрав оброк за секое дете” се реализира втора година по ред, преку програмата на МЗШВ за поддршка на откупот за овошје, зеленчук, млеко и млечни производи произведени од нашите земјоделци.

Оваа година со проектот се опфатени сите детски градинки низ државата, односно сите 38.000 дечиња. Дечињата јадат проверени и безбедни, домашни овошја, а целиот процес се води под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ, кои го контролираат квалитетот и безбедноста.

362991880_819215109572327_4193612049505191695_n
Во текот на овие две недели до детските градинки ќе бидат дистрибуирани 175.500 килограми праски, а потоа следува дистрибуцијата на 168.000 килограми сливи и на крај заклучно со декември ќе се поделат 74.000 килограми круши и 370.000 килограми јаболки. Сите домашни, македонски, од прва класа и произведени во нашите овоштарници, од нашите земјоделци.

За потсетување годинешната Програма за откуп на овошје е продолжение на она што го започнавме минатата година, но сега со двојно поголем буџет. За оваа година, издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа свежо сезонско овошје, опфаќајќи 38.000 дечиња од сите детски градинки во државата.

362955098_819215009572337_509326349939339256_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e