Нови 26 мерки денеска донесе Владата на РСМ вредни 400 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството во оваа глобална економска и енергетска криза, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
✅Се укинува ДДВ за основните прехранбени продукти
✅се намалуваат акцизите за горивата.
✅Намалување на ДДВ за енергенсите од 18% на 10%.
✅Дизелот ќе поевтини за 10 денари, а бензинот за 11,5 денари.
✅Се воведува нова методологија за пресметка на цената на струјата за заштита на малите потрошувачи.
✅даваме вредносни ваучери, 3.000 денари за 35 илјади граѓани од ранливи категории.
✅Субвенционирање на цената на парното.
✅Ослободување од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична и топлинска енергија.
Николовски нагласи дека животниот стандард, квалитетот на животот на нашите граѓани е приоритет.
„Само заедно,посветено и одговорно ќе ги премостиме овие тешки времиња“, посочи Николовски.