Николовски: Живееме период во кој успеавме да направиме голем прогрес во осигурувањето на нашата стабилност, безбедност и иднина

29 години откако граѓаните одлучија за самостојност и уште многу години повеќе во кои македонскиот народ се бори за сопствена држава, истакна вицепремиерот за спречување корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Слободна, самостојна, во друштво на најголемите и најсилните, како полноправна членка на НАТО и како земја на прагот од ЕУ, живееме период во кој успеавме да направиме голем прогрес во осигурувањето на нашата стабилност, безбедност и иднина.

Сега, откако тоа е решено, на овој ден на независноста ги вртиме погледите навнатре. За работа дома и поставување функционален систем во кој ќе владее ред, правдина и дисциплина. Зошто патот напред води кон токму тие битки кои мора да ги водиме и да ги добиеме.

Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста!“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e