Николовски: Жените земјоделки за прв пат во историјата добија право да користат платено отсуство за мајчинство

Министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јованка Тренчевска и Љупчо Николовски, денеска присуствуваа на презентација на Програмата за поддршка за социјална сигурност за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност и поддршките наменети за земјоделките преку Програмата за финансиска поддршка за рурален развој 2023 година.

-Она што ни беше цел, денеска е успешна приказна! Жените земјоделки за прв пат во историјата добија право да користат платено отсуство за мајчинство. Ова е преодно решение, но ќе останеме силно посветени за трајно системско уредување на правото за платено породилно отсуство. Работата на жените земјоделки и нивниот придонес во општеството ќе биде вреднувана како што треба, и како што заслужуваат, порача министерот Николвоски.

Тој ги повика и да аплицираат за новата мерка.

-Жени земјоделки! Бидете храбри, како што сте вешти, и аплицирајте за новата мерка за поддршка на малите производители на храна која ја објавивме вчера. Оваа програма се воведува за прв пат, и овозможува грант од 10.000 евра за набавка на опрема за производство и директна продажба од праг или фарма. Она што е олеснително е што средствата ќе се исплаќаат авансно, веднаш по склучен договор. Ги повикувам сите регистрирани земјоделки, да ја искористат помошта од државата и да си го брендираат, модернизираат и промовираат производството, им порача министерот Николовски.
May be an image of 4 people and people standing

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e