Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во интервју за Сител уште еднаш ја потенцираше мерката која најмногу ја бараат земјоделците, а тоа е субвенција за набавка на вештачко ѓубриво.
„Фондот предвидува директна поддршка за набавено вештачко ѓубриво којашто изнесува 40% или 4.000 денари по хектар за пченицата и за пченката и новата интервентна субвенција од 2.500 денари по хектар за јачмен и сончоглед. Субвенционирајќи го ѓубривото им помагаме на земјоделците да ги извршат сите потребни агротехнички мерки што ќе придонесат во зголемување на приносот по хектар. Тоа ни е важно за зголемување на домашното производство и затоа ги мотивираме земјоделските производители со дополнителни блузу 100 евра од ха за остварен принос на 4 тони од хектар за пченица или 1,5 тони од хектар сончоглед. Исплатата ќе се одвива брзо, пример сите што неделава ќе набават ѓубриво уште истата недела преку Платежната агенција ќе им се вратат 40% од цената – рече Николовски и додаде дека покрај краткорочните мерки, се размислува и долгорочно и затоа набрзо ќе оди во посета на Турција каде ќе се разговара за набавка на ѓубриво за следната, есенска сеидба.