Здравје е за граѓаните ако сите институции 100% функционираат. Затоа треба изборите да се одржат што побрзо, посочи генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
„Датумот ќе се одреди по консултации со Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР. Наша цел е да гарантираме демократски процес и безбедност за граѓаните“, заклучи Николовски.