Николовски: Заврши времето кога Груевски со едно решение смени од министер до шофер

-Решени сме да правиме земја со сите стандарди –  правда, економија и борба против корупцијата, заедно со сите други, се столбовите за земјата на патот кон ЕУ,  рече вицепремиерот за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој  Љупчо Николовски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Правдата, економијата и борбата против корупцијата се столбовите. Ни Заев, ниту јас не сме виновни што 30 години институциите не се занимавале со реалните проблеми. Корупцијата и криминалот не бираат по партија или националност и затоа доаѓа време кога најбескомпромисно еднаш засекогаш треба да ја  почнеме најсериозната битка, вели Николовски.

-Доаѓа време во кое најрастеретено, неселективно ќе ја почнеме таа битка против корупцијата.  Правдата граѓаните ја очекуваат. Верувам во капацитетот, со оглед дека имаме чист четиригодишен мандат, порача Николовски кој потенцираше дека се работи на исполнување на се што е ветено во кампањата и фузирано во програмата.

Николовски ја истакна позитивната оценка на граѓаните за Владата, а како што рече во ДУИ гледаат стабилен партнер со кој ќе се реализираат стратешките цели.

На функциите може да дојдат и луѓе кои не се партиски кадри, најави Николовски.

-Институциите се на државата, не на партиите. Ние как опоединци сме одговорни за процесите. Имаме отворен транспаренетн процес на избор на кадрите. Заврши времето како во 2016. кога Груевски со едно решение на влада смени од министер до шофер, 2.000 луѓе.  Тоа е мината пракса. Мора да има план и извештај! – дециден е вицепремиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e