Николовски: Започнува постапката за прибирање на барања за неповратна финансиска поддршка за микро земјоделските производители на вино

Денот го започнуваме со убави вести, токму за малите семејни винарии, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Почнувајќи од денес започнува постапката за прибирање на барања за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за оваа година, истакна Николовски.

„Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000 денари, со што го поткрепуваме развојот на производи со традиционални карактеристики и ја зголемуваме конкурентноста.
Остануваме посветени на реализација на проекти кои се во корист на земјоделците, го поддржуваме развојот на новите семејни бизниси од областа на производство на вино, се грижиме за секој еден.
Со ефикасно отчетно работење до конкретни резултати“, посочи Николовски.

🔗На следниот линк повеќе информации околу јавниот повик:
http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e