Николовски: Започнува изградбата на клучката кај скопската населба Момин Поток

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека започнува изградбата на клучката кај скопската населба Момин Поток.
Nikolovski„Го одбележавме почетокот на уште еден капитален и комплексен инфраструктурен проект.
Започнува изградбата на клучката кај скопската населба Момин Поток. Со овој зафат ќе се олесни поврзувањето и транспортот на населението кое живее и работи во тој дел на градот“, посочи Николовски.
Nikolovski1Николовски потенцираше дека проектот вклучува два кружни тека, соодветна велосипедска и пешачка патека, како и модерно ЛЕД осветлување.
Nikolovski3„Градиме функционална инфрастуктура, која одговара на потребите на граѓаните!“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e