На денешната средба со коалициските партнери во Владата, беше потврдена заложбата да се продолжи со посветена работа и реализација на Програмата за која граѓаните ни ја дадоа довербата на последните избори, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Силна поддршка од сите коалициски партии во најголемата владејачка коалиција да продолжат реформите дома, кои обезбедуваат унапредување на судскиот систем, борба проотив корупцијата, раст и развој на економијата како и повисок животен стандард на сите наши граѓани.
#СДСМ предводи најголема, најсилна и најразнолика коалиција во која се застапени сите етнички заедници. Ја имаме честа и одговорноста да работиме за доброто на државата и општеството.
Заедно, сплотени продолжуваме да носиме мерки и решенија што ја движат државата напред и обезбедуваат подобар живот за сите граѓани“, нагласи Николовски.