Од денеска започна ВикендБезДДВ и ќе трае заклучно со понеделник. Да ја поддржиме домашната економија со купување на македонски производи и услуги или компјутерска опрема.
Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“, кои за време на овој продолжен викенд ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутерска опрема во вредност од најмногу 30.000 денари.
Со цел да се спречат можни злоупотреби со цените на производите, надлежните инспeкциски служби се во постојана координација и вршат интензивни контроли на терен.
ФБ статус на Љупчо Николовски