Николовски за случајот со Димова: Ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност

-Претседателот на Владата, Зоран Заев, информираше дека ќе му препорача на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција, по мислењето кое до него го доставив како задолжен за спроведување на Кодексот за етичко однесување. – напиша на својот ФБ профил заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски откако Заев на денешната владина седница информираше дека го прифатил неговото барање.
Николовски е задолжен и за спроведување на Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

-Постапката ја овозможува членот 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на Владата, може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување, и да покрене иницијатива за информирање на надлежни институции, при што врз основа на сознанијата и одлуките на Управниот одбор, ќе се запазат сите постапки за гарантирање на принципот за презумпција на невиност. – појасни тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e