Поранешниот вицепремиер за борба против корупцијата, а сегашен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека утрово пристигнале одлични вести од Трансперенси интернешнл од Берлин.
„Од 111 место за само една година со многу работа, системски мерки и ефикасен тим успеавме Република Северна Македонија да ја спуштиме на 87 место во најрелевантниот извештај за борба против корупција.
Подобрување за дури 24 места! Вредеше да работиме напорно!“, истакна Николовски.