Николовски: За прв пат во исто време имаме два активни повици од ИПАРД програмите

За прв пат во исто време имаме два активни повици од ИПАРД програмите. Еден за првите две мерки 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма и последниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програма. Вкупно 40 милиони евра имаме на располагање преку овие повици за инвестиции во македонското земјоделство, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во гостување во Утринската програма на МРТВ.
Последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата се однесува на мерката 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Во овој јавен повик не се прифатливи инвестиции во градежни работи, а повикот е наменет исклучиво за набавка на опрема за преработки, појасни тој.
Крајниот рок за поднесување на барања на последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата е до 18 септември 2023, додека крајниот рок за аплицирање за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 програмата е до 15 октомври, со можност за продолжување до 1 ноември 2023 година.
Заинтересираните апликанти повеќе информации за јавните повици можат да најдат на веб страната на Платежната Агенција или МЗШВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e