Не гледам потреба за широка коалиција, посебно не кога имаме јасен победник на изборите со повеќе опции и варијанти за составувањето на новата влада истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за Локално.
За информациите дека е можно да се прифати премиер на ротација, Николовски смета дека ова не е време ниту за нови предвремени избори, ниту за технички влади, ниту за ротации.
– Ова е време за стабилна влада која ќе одработи цел мандат за доброто на граѓаните, влада фокусирана на економијата, правдата и преговорите со ЕУ, посочи тој.
Во однос на изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека тие одлучуваат која македонска партија ќе влезе во владата на ДУИ, генералниот секретар на СДСМ смета дека ова било „непотребна ароганција“, која низ годините стотици пати се покажала како штетна по националните интереси.
-ДУИ има 15 пратеници и ние тоа го почитуваме, но од такви изјави немаше потреба, смета Николовски.
На прашањето како го оценува влегувањето на Левица во парламентот и нивниот резултат, тој им посака добредојде, но и дека граѓаните во поголемиот број гласале за влез во НАТО и продолжување на преговорите со ЕУ и секој кој игра малку подолгорочно на поинакви карти нема да има светла иднина во политичкиот живот.
– Овие избори беа специфични од многу причини, меѓу кои ковид кризата како најголема. Истото имаше големо значење и влијаеше значително на излезноста во поголем број изборни единици, а поради донтовиот модел едноставно, резултатите се такви какви што се. Секогаш е најдобро граѓаните масовно да се излезени и да го користат своето гласачко право.
Не се сложувам воопшто дека Македонските партии се губитници, јасно е дека коалицијата Можеме и СДСМ се победниците од изборите.
ДУИ решија да играат на неостварливо популистичко решение со кое привлекоа повеќе гласови и во албанскиот блок освоија најмногу гласови. Сепак, дали ваквите трикови ќе им се исплатат долгорочно е друго прашање.
Целото интервју на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски за Локално на следниот ЛИНК.