Аудиовизуелни записи од поезијата на Блаже Конески, подготвени на сите јазици во нашата земја и кусиот запис за животот и делото на великанот на современиот македонски јазик и култура вечерва беа промовирани во дворот на Министерството за култура.
Поет, литературен историчар, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик и прв претседател на акадамијата на науките и уметностите, еден од татковците на современиот македонски литературен јазик, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Многу што му должи нашата татковина на Блаже Конески. Денеска е 100 годишнина од раѓањето и одличен повод да се потсетиме на животот и делото на овој џин на македонската нација“, посочи Николовски.
