Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во денешното гостување во вестите на Канал 5 ТВ, порача дека се очекува забраната за увоз на пченица и пченка да се тргне денеска.
-Тоа што го договоривме во Србија, за тргање на забраната за извоз од Србија кон Северина Македонија, за овие продукти, пченицата, маслото за јадење, брашното, денеска сме информирани е на дневен ред на седница на владата. Очекуваме истата да биде усвоена, како што утрово бевме информирани, меѓудругото и од моите лични контакти со министерот за земјоделство на Србија, појасни Николовски.
Тој додава дека сите договорени колични меѓу нашите партнери, трговски компании фирми, ќе бидат реализирани и како што рече очекува таа псотапка веднаш да почне.
-Нема место за паника заради тоа што уште има залихи. Да тие се намелени бидејќи помина еден месец окако е на сила забраната, но таа се трга и верувам дека многу скоро ќе започне транспортот и организацијата во тој дел, вели министерот.
-Очекуваме одлуката да биде за околу 100 000 тони пченица, 20 000 тони пченка и секако да се тргнат останатите забрани, додава тој.
Николовски уште еднаш потсети дека во услови на светска криза, раст на сите материјали и трошоци нивна одговорност како надлежно министерство е да работат макотрпно.
-Да отвораме можности како со Србија така и со Бугарија. Секоја нова можност ни е плус. Жетвата доаѓа за два месеца. Очекувам е 255. 000 тони принос со зголемите површини и со новите мерки и политики. Ние мора да се грижиме за храна за населението и тоа и го правиме, дециден е Николовски.
