Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска заедно со Претседателот на Владата, Зоран Заев, одржаа состанок со членовите на работната група за изменување и дополнување на законите, заради дигитализацијата на процесите.
Ја потенциравме важноста на дигитализацијата за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и за сузбивање на корупцијата, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Пред нас стои уште многу работа, која со многу политичка волја, фокус и посветено следење на препораките и роковите, сум сигурен дека одлично ќе ја завршиме до јули 2022 година.
Поддршката на овој процес е поддршка за поквалитетен живот за секој граѓанин!“, нагласи Николовски.
