Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски посочи дека времето кое до сега мораше да биде потрошено на собирање информации и документи, по дигитализацијата, ќе биде време кое ќе можете безгрижно да го поминете со своите најмили.
„Со новиот систем за запишување на децата во градинка, родителите и старателите сите информации ќе ги добиваат со логичен редослед согласно процесот, навремено и на едно место.
Ефикасни, брзи и навремени услуги, за да ни остане време за важните нешта“, потенцираше Николовски.