Николовски за американската NBC TV: 30 годишното партнерство со Вермонт уште повеќе го зацврстуваме во делот на земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во рамки на службената посета на Вермонт ја посети и фармата за производство на кашкавал и млеко Стони Понд во Вермонт.
– Заедно со секретарот за земјоделство храна и пазари Anson Tebetts направивме обиколка и го видовме начинот на производство на овие производи. Разменивме искуства и знаења, и ја отворивме можноста за пласман на нашите македонски производи во Вермонт, соопшти министерот Николовски.

347408095_936520110950685_7825950382147869697_n
Тој во рамки на посетата оствари средба и со мајор Gregory Knight од Националната гарда на Вемонт.
– Оваа година одбележуваме 30 години партнерство со Националната гарда на Вермонт. Со мајор Gregory Knight разговараме како да ја прошириме соработката и во други сектори освен воениот, објави Николовски по средбата.

347400314_1321140775469817_1093902302892046042_n
Mинистерот Николовски имаше и интервју за телевизијата NBC во кое, меѓу другото, ја искажа благодарноста за прекрасното гостопримство од секретарот за земјоделство и храна Anson Tabbets, но истовремено и честа да разговараат за различните искуства околу производството и преработка на земјоделските производи.
– Имаме многу што да научиме едни од други, и да имплементираме кај нас дома. 30 годишното партнерство со Вермонт го зајакнуваме и уште повеќе го зацврстуваме во делот на размена, искуства и знаења во земјоделството, дециден е Николовски.

Интервјуто за NBC може да го погледнете во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e