Имавме само две и пол години. И за тоа време направивме многу!, истакна генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски.
„Далеку од тоа дека се е остварено. Имаме уште многу работа пред нас.
Но, меѓу успесите за кои ми е драго е и поддршката за домашните компании, кои претходно беа целосно игнорирани.
Денеска силно се вложува во домашните компании, затоа што тие се еднакво важни, како и странските инвестиции!
Со доаѓањето на Владата на СДСМ, преку Фондот за иновации и технолошки развој, за 50 пати е зголемена поддршката за компаниите.
Прочитавте добро драги пријатели, за 50 пати!
Во 2019 година беа поддржани 314 компании, со вкупно 57 милиони евра, наспроти 30-ина компании кои беа поддржани во времето на ВМРО-ДПМНЕ со само 1 милион евра.
Од 1 до 57 разликата е огромна! Огромна е разликата меѓу ова фејк-њуз ВМРО и СДСМ.
Во наредниот мандат обезбедуваме 600 милиони евра поддршка за бизнисот. Приватниот сектор е двигател на растот. Државата мора да е тука да му помогне.
Гласајте за коалицијата Можеме и обезбедете си СИГУРНОСТ.
ВМРО-ДПМНЕ носи само СТРАВ и НЕИЗВЕСНОСТ!“, посочи Николовски.