Николовски: Во тек е процесот на аплицирање за субвенции, досега аплицирале 30.000 земјоделци

Министерот Љупчо Николовски при неговото гостување во Телевизија Стар, потсети дека е во тек процесот на аплицирање за субвенции.

„Во тек е процесот на аплицирање за субвенциии и се одвива успешно, досега аплицирале 30.000 земјоделци. Минатата година заедно со земјоделците, стручната јавност и здруженијата подготвивме нов, побрз, и поефикасен модел на субвенционирање со кој обезбедуваме стабилно и зголемено домашно производство. За прв пат од оваа година започнуваме и со авансна исплата на субвенциите. Уште еднаш ги повикувам сите земјоделци навреме да ги подготват своите барања, и да аплицираат за субвенции до 30 јуни 2023 г.“, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e