Николовски во светиниколско: Системски решенија за стабилизирање на пазарот со пченица

По денешната средба со мелничарите откупувачи на пченица, во моментов сум на средба со земјоделците производители на пченица во атарот на светиниколското село Кнежије.

Разговараме за проблемите на земјоделците од овој регион и нивните предлози за ублажување на штетите од годинешната лоша жетва на пченица. Детално и внимателно ќе се разгледаат и нивните барања, со барањата на мелничарите, се со цел да се донесат соодветни и системски решенија за стабилизирање на пазарот со пченица, информира министерот Николовски.

20292991_2012344092320453_6599317340685862926_n

Ги известив дека во завршна фаза е обработката на решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година.

Новата Влада, посветува сериозно внимание на земјоделството и на системски решенија за проблемите со кои се соочуваат земјоделците.

И во следниот период продолжуваме со интензивни средби на терен со сите чинители во земјоделскиот сектор, со цел изнаоѓање на квалитетни решенија, потенцира Николовски.

20429769_2012344118987117_3083741200565082012_n

20293997_2012344058987123_7522463783963109940_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e