Николовски во СТУДИО 10: Новиот Закон за вино ќе даде препознатливост на квалитетот на македонското вино

На вчерашната седница Владата го усвои новиот Закон за виното. За прв пат донесовме и Национална стратегија за развој на винарството и лозарството за 2023-24 година. Ние сме меѓу првите 15 земји извознички на вино и ова е сектор во кој треба да се инвестира, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Овој закон е целосно усогласен со сите девет европски регулативи затоа што извезуваме во ЕУ, а тука се и заштитата на географските ознаки со што започнува нов период во препознатливоста на македонското вино и стандардите што треба да ги исполнува, – вели Николовски.

Тој вели дека за лозарите е многу значајно што за прв пат со закон е регулирана исплатата на производната цена на минимум две најзастапени сорти и таа цена ќе биде објавена најдоцна до 15 јули. Секако, вели Николовски, и лозарите имаат свои обврски.

– Оваа година има пад во приносот и кај традиционалните производители на вино па така и кај нас. Затоа, ние одлучивме лозарите да добијат по 12.000 денари за хектар како и плус еден денар за откупот на грозјето. Покрај 10 милиони редовни субвенции на лозарите ова се дополнителни 4 милиони субвенции. Нашиот извоз за една година е над 60 милиони евра, па оттука треба да се инвестира во оваа гранка, вели Николовски.

Во однос на производството на пченица и житните култури, Николовски вели дека тоа е регулирано за годинава и дека нема да има недостиг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e