Вечерва во Љубљана, Словенија, од страна на Life Learning Academia од Словенија генералниот секретар на владејачката партија СДСМ Љупчо Николовски го доби високото признание „Амбасадор на знаењето“
„Ми беше особено задоволство, што покрај мене уште десетици успешни личности од Малта, Словенија, Шри Ланка, Хрватска, Словенија, Црна Гора се стекнааа со ова вредно признание. Вложувањето во знаењето никогаш не може да биде премногу, затоа што секое новостекнато знаење е нов свет на можности и предизвици.“ – порача Николовски на својот ФБ профил.