Исплатата на субвенциите се одвива според календарот на распределба, ги добиваат сите во ист ден без селекции, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „24 анализа“ на ТВ24.
„Секоја година носиме дополнителна мерка и оваа година мерката од 3 денари по килограм од предадено јаболко дополнително ќе биде продолжена до 30 јуни 2022 годна се со цел да се апсорбираат 20 илјади тони јаболка коишто остануваат“, посочи Николовски.
Николовски потенцираше дека Ресен е регион во којшто имаме рекордна искористеност на ИПАРД средствата токму во делот на овоштарството.
„Во Ресен токму преку Светска банка ќе го направиме еден од најголемите откупни дистрибутивни центри во износ од околу 10 милиони евра.
Мора да промениме одредени навики, одредени сорти да се менуваат, да се фокусираме на пакувања на квалитет, на преработка“, рече Николовски.