Николовски во посета на откупно дистрибутивниот центар Чентро Агроалиментаре во Рим

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на министерството, од денеска е во дводневна работна посета на Република Италија.
Nikolovski7Во рамки на првиот ден од работната посета министерот Николовски заедно со македонската делегација го посети откупно дистрибутивниот центар Чентро Агроалиментаре, каде им беа презентирани основните карактеристики на откупниот центар и пазарите на големо во Италија.
Nikolovski3На површина од 1400ха, овој откупно дистрибутивен центар, на едно место нуди голем избор на овошје, зеленчук, риби, органски производи, логистика, а во рамки на центарот постојат и преработувачки капацитети за преработка на производите.
Nikolovski1Оваа пријателска работна посета отвори можност за размена на позитивни искуства, како и имплементација на успешни модели за организација на големопродажбата на прехранбени производи, со оглед на тоа што како министерство веќе сме во фаза за реализација на ваков проект.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку средства од Светска банка во висина од 42 милиони евра, започнува проект за модернизација на земјоделско производство. Овој проект предвидува изградба на Agro Food Platform, односно голем логистичко откупен центар, за овошје и зеленчук. Проектот исто така предвидува изградба и на два помали откупни центри, еден за овошје и еден за зеленчук. Со овие средства од Светска банка, но и дополнителни средства од ЕУ, во рамки на овој проект се предвидува и изграба на кафилерија, односно фабрика за преработка на производи од животинско потекло. Реализацијата на овој проект за модернизација на земјоделското производство е веќе започната и во моментот се работи на подготовка и финализирање на сите технички документи за започнување со изградба на планираните откупни центри.

Делегацијата предводена од министерот Љупчо Николовски во текот на утрешниот ден ќе оствари работна средба со Стефано Патуанели, министер за земјоделство, прехрана и шумарство на Република Италија, на средбата двајцата министри ќе потпишат меморандум за соработка во областа на земјоделството помеѓу двете држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e