Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во македонското село Опеница охридско, на надморска височина од 770 метри во прекрасна шума, ја посети малата семејна винарија Monastery Winery.
-Вековната традиција на семејството за производство на вино, преточена во мирот и тишината што ги нуди ова место е божествена.
Ваквите винарии се доказ дека нашата мерка за поддршка на малите семејни винарии е успешна насекаде низ државата, не само во Тиквешијата, потенцира министерот Николовски.
Тој нагласи дека мерката за малите семејни винарии е успешна и како што кажа, радува големиот интерес со пристигнати над 130 апликации на последниот јавен повик кои детално ќе бидат разгледани.
-Со грантот од 10.000 евра за набавка на опрема како мотивација, постигнавме рекордни 200 регистрирани мали семејни винарии. Очекувам и со овој втор повик да имаме многу квалитетни апликации за уште поголем развој на малите семејни винарии, рече Николовски.