Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја посети македонската групација со странски капитал „Везе Шари, Лекер и Електро Шари“.
Николовски се запозна со инвестициските планови на групацијата и разговараше за нивните предлози за создавање на поволни бизнис услови за компаниите од земјоделскиот сектор, кои се извозно ориентирани и кои што учествуваат во развојот на економијата.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство –#МЗШВ, ќе работи на подеднаква поддршка и на преработувачката индустрија и на примарното производство, со цел создавање на производи со повисок степен на финализација, а со тоа и зголемување на извозот на македонски производи, потенцира Николовски и нагласи дека во периодот што следи ќе продолжи со интензивни средби на терен со сите чинители во земјоделскиот сектор.