Моја главна цел е да извезуваме македонски производи, а Македонците да останат дома, истакна генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски.
„До остварување на тоа има многу работа. Но, важно е дали се движиме во вистинска насока или не. Со глас за коалицијата Можеме помагате да го оствариме овој мој, но и заеднички сон.
Денеска заедно со директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски и кандидатката за пратеник Марија Ангелова, ја посетивме компанијата Aтом Сантех, успешна приказна зад која стои грант од Фондот за иновации и технолошки развој.
Како Влада се обврзавме да ги помагаме домашните компании и особено младите претприемачи. Пари имало и ќе има, разликата е во тоа како се трошат. Распипнички или домаќински.
Покажавме дека се може, а ние МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро!“, посочи Николовски.