Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на компанијата Левидијагро во Кочани која важи за една од најголемите производствени капацитети за ориз во Кочани.

-Денешната посета во оваа успешна компанија ја искористив, за да им ја презентирам новата мерка од Програмата за рурален развој, со која ги поддржуваме откупувачите и преработувачите на бел ориз во трошоците за амбалажа.
2.5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 500 грама, 5 денари по пакување во најлонска амбалажа до 1кг, и 10 денари по пакување во хартиена амбалажа до 1 кг. Со оваа мерка директно го помагаме извозот на оризот и отвараме нови пазари, порача министерот Николовски.

-Како Влада сериозно се залагаме за потребите и интересите на оризопроизводителите. Ги зголемивме субвенциите за 300 отсто, воведовме “зелена нафта”, во 2022 постигнавме највисока откупна цена за оризова арпа, ги поддржавме оризопроизводителите и преку низа мерки за набавка на нова механизација со која ќе си го олеснат и модернизираат своето производство. Искрено работиме и помагаме во континуитет за извоз, развој и одржливост на нашето македонско бело злато, потенцираше Николовски.

