Николовски во посета на „БАКО“: Компанијата е позитивен пример за максимална искористеност на ИПАРД Програмата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја посети компанијата „БАКО“ којашто е корисник на ИПАРД 2 програмата. 
Оваа компанија со помош на европските фондови инвестирала во набавка на модерна опрема потребна за производството.
Инвестицијата е во вредност од 18,3 милиони евра, а поддршката од ИПАРД над 9 милиони денари.
Сопственикот на компанијата посочи дека веќе планираат да конкурираат и за новата ИПАРД 3 програма.
-“БАКО” е позитивен пример како преку максимална искористеност на ИПАРД Програмата, го развиваме и зајакнуваме македонското производство, и му даваме додадена вредност, што е особено важно во еден период кога мора да се фокусираме за зголемување на земјоделското производство, порача министерот Николовски.
Николовски рече дека бил информиран дека компанијата ќе отпочнат ќе отпочнат со подготовка на проекти и ќе аплицираат за новата ИПАРД 3 програма што ќе значи попрофитабилно, конкурентно земјоделство, како основа за развој на македонската економија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e