Според се` она што е сработено во овој сектор, можеби премиерот Ковачевски е во право кога во повеќе наврати јавно говори дека Љупчо Николовски е НАЈДОБАР МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, во историјата на оваа држава.

Се реализираше најголемата реформа во земјоделството.

Се реализираа рекорден број на нови програми, политики и мерки.

Се исплатија над 150 милиони евра за одржување и развој на земјоделството преку субвенции, мерки од рурален развој и рибарство, школските шеми, интервентниот фонд, грантовите за мали семејни производители, мали винарии и дестилерии и ИПАРД проекти.

Стартуваше новиот модел на субвенционирање со навемена и авансна исплата, со пријавување на производство на значајните култури за државата и со фокус на создавање финални производи.

Тековните субвенции се исплатија брзо, навремено и неселктивно со самиот старт на годината.

За прв пат 54.000 земјоделци во еден ден добија 30% аванасни средства до крајот на годината што се случува за прв пат во историјата.

Сточарите на крајот на годината добија исплата за дури 7 месеци предадено млеко или околу 5 милиони евра во еден ден.

Со растот на малите производители испишавме историја со над 2500 нови регистрирани мали оператори со храна.

За прв пат реализираме програма за мали производители и потпишавме и исплативмд над 150 договори за авансен грант од 10.000 евра за набавка на опрема за производство на сирење, кашкавал, маџун, ајвар, сокови, слатка и други македонски производи.

За прв пат реализиравме програма за грантови за набавка на опрема од 5.000 евра за нови мали дестилерии.

Достигнавме бројка од 255 винарски визби од кои 174 нови мали семејни винарии.

Се регистрираа над 100 мали винарии во 11 месеци.

Ја донесовме првата 10 годишна национална стратегија за развој на лозарството и винарството со јасни цели.

Се искачивме на 13 место во светот по извоз на вино а први пред сите земји од ЕУ од регионот.

Имавме рекордна поддршка и макотрпна работа за брендирање и препознатливост на македонското вино со национални штандови на Prowein Dusseldorf, VinItaly, Slow Wine, за прв пат национален штанд на Bella Vita Chicago, Prowine Shanghai.

Со поддршка на МЗШВ се реализираше првиот светски натпревар за вранецот и донесовме 20 најдобри судии и познавачи на виното од светот.

На вториот саем Винска Визија во Белград бевме прва од 30 присутни земји со најголем број од над 80 наши винарии и дестилерии.

За прв пат воведовме мерка за избор на вински инфлуенсери и склучивме договори за нивна поддршка од 5.000 евра за промоција на македонското вино,

По втор пат успешно се реализира програмата за грантови за набавка на опрема за мали винарии.

80 ново регистрирани винарии потпишаа договор и добија грант од 10.000 евра.

Ги зголемивме субвенциите за лозови насади од 40 на 52.000 денари по хектар.

Воведовме нова мерка од 1 денар по откупено винско и трпезно грозје од производители или за сопствени потреби.

Успешно се реализираше мерката за набавка на зелена нафта.

Станавме лидери во регионот во реализација на ИПАРД2 со нула евра поврат во последните 5 години и вкупно склучени и реализирани 2369 инвестиции. Повеќе од сите други земји кориснички заедно.

Доделивме нови 40 договори за реализација на последниот повик од ИПАРД 2 со поддршка од околу 8 милиони евра.

Први ја започнавме ИПАРД 3 програмата, спроведовме теренска кампања за промоција на новитетите и го распишавме први во регионот првиот повик со над 30 милиони евра неповратни средства од ЕУ.

Стасаа над 1100 апликации на првиот повик во ИПАРД3, нов рекорд на еден повик со вкупно побарани 96 милиони евра за инвестиции.

Работевме силно на акредитација на 4 нови мерки во ИПАРД3.

Обебзедивме нова деловна зграда на платежната агенција и средства за најмодерна опрема во интерес на што подобар сервис кон земјоделците.

За прв пат реализиравме мерка за регистрираните земјоделци наречена бизнис план и склучивме 206 договори (121 млад земјоделец и 115 жени земјоделки) за модернизација од по 10.000 евра.

Младите и жените ни беа во фокусот.

Започнавме постапка за формирање на потсектоска група за млади и формирање Сојуз на млади фармери.

Успешно ја реализиравме програмата ЗДРАВ ОБРОК ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ со набавка, пакување и дистрибуција по еден килограм неделно домашни јаболка, кајсии, круши, сливи и праски во текот на 29 недели во годината за над 38.000 дечиња.

Преку интервентион фонд рерализиравме мерки за производители на пченица, зимска зелка, домашен сертифициран семенски материјал, домат и краставици на затворено.

Постигнавме рекорд на над 70 локални и национални манифестации низ целата држава

Поддржавме рекорден број на меѓународни саеми за учество на компании да се претстават во САД, Србија, Германија, Италија, Полска, Словенија, Кина и други земји.

Се одржа второто и двојно поголемо издание на националниот саем на мали производители – Вкуси ја традицијата во Скопје со над 400 изложувачи.

Беа донесени целосно нови европски и револуционерни закони за советодавни услуги, за зоотехника, за дивеч и ловство а Владата ги одобри новите закони за рибарство и аквакултура, за виното, за органско производство и

Се работеше интензивно на нов закон за земјоделство и уредување на пазарите.

Направивме и го ставивме во процедура законот за донирање на вишок на храна.

Објавивме јавен повик за бесплатни обуки за советници на кој стасаа над 150 пријавени и се подготвува доделувањето на сертификати на советниците кои успешно ја завршија обуката.

Го воспоставуваме Советот за мониторинг и координација на Советодавниот систем во земјоделството, кој ќе биде составен од 29 претставници на институции, научно образовни установи и претставници на најголемите здруженија од областа на земјоделството.

Имавме одличен скрининг во Брисел и добивме поизитивни коментари и оценки за македонското земјоделство во извештајот на Европската Комисија.

Започнавме голем проект за модернизација на земјоделството со Светска банка во износ од над 50 милиони евра.

Спроведовме постапка и потпишавме договор и веќе се работи на прв дигитален регистар на целокупното земјоделско земјиште и мобилна апликација,

спроведовме постапка и потпишавме договор и веќе се проектира изградбата на кафилерија во Росоман со грант од 4 милиони евра од ЕУ,

Спроведовме постапка и потпишавме договор и веќе се проектира изградбата на најголемиот дистрибутивно логистички центар во Скопје во вредност од над 20 милиони евра.

Спроведовме постапка и потпишавме договор и веќе се проектира изградбата на октупните центри во Струмица и Ресен во износ од 12 милиони евра.

Спроведовме постапка и потпишавме договор за проектирање на новата деловна зграда на платежната агенција и обезбедивме 2 милиони евра за набвка на опрема.

Започнавме нов повеќе годишен проект финансисран од ЕУ за консолидација.

Од ФАО бевме прогалсени за лидери во постапките на окрупнување и заради веќе спроведените консолидации.

Ја организиравме првата регионална меѓународна научна конференција за пошумување и заштита на шумите.

Зелената транзиција беше наш прв приоритет реализирајќи ја големата акција за пошумување каде засадуваме 1.200.000 дрвја.

Со МВР се спроведоа најголемите акции досега за спречување на нелегалната сеча.

Амбасадата на САД обезбеди експерти од САД за подобрување на системот за справување со нелегалната сеча и почнавме голема кампања финансирана од нив.

Добивме донација за целосно опремување на шумската полиција во износ од 4.2 милиони евра од Италија.

Го започнавме проектот за целосна трансформација на Национални шуми и реформа на целиот сектор шумарство со над 2.8 милиони евра помош од ЕУ.

Со над 10 милиони евра од ЕУ продолживме со реализација на проектот за изградба на мали системи за наводнување во сите региони во државата.

На крајот на годината браната Конско, најголемиот капитален проект на министерството во последните 50 години, е целосно изградена, важна капитална инвестиција вредна 40 милиони евра.

Добивме грант од 760.000 евра од Шпанија во делот на водостопанството,

Експресно го решивме најголемиот дефект во водоснабдителната инфраструктура случен досега- Макарија во Росоман.

Започнавме со градба на системот Колибари, системот во Дебарско поле, го решивме долгогодишниот проблем со пумпната станица Макарија во Кавадарци, распишавме постапки за избор на изведувачи на системот Злетовица, Сарај и други.

Ја спроведовме успешно постапката за избор на меѓународен консултант за проектирање и надзор на изградбата на 4 големи системи за наводнување Лисиче, Пепелиште, Конско и Страиште што претставува најголем истриски договор за проектирање и изведба на нови системи за наводнување на околу близу 15.000 хектари површина. Проекти во вкупна вредност од над 120 милиони евра.

Доделивме над 730 решенија за набавка на трактори и финансиска поддршка од националната програма од близу 9 милиони евра.

Распишавме повик за набавка на добиток и добивме рекорден број на 196 апликации и кофинансирање од национата програма од близу 1 милијарда денари.

Распишавме повик за набавка на комбајни за жито.

После 10 години се воспостави Националната рурална мрежа и се доделија решенија за 26 одобрени активности за студиски посети, обуки и развој на земјоделските стопанства.

Распишавме повик за регистрација на Локалните акциски групи,

Се реализираше програмата за изградба на полски патишта.

Поставивме 6 нови и надградивме уште 5 агрометео станици и лансиравме мобилна апликација за секој земјоделец да добива точни и навремени информации за се.

За прв пат донесовме и спроведовме програма за платено отсуство за мајчинство на жените земјоделки по 81.000 денари за 9 месеци.

После преспанското јаболко го заштитивме со географска ознака и македонското јагнешко од овчеполка праменка.

Обезбедивме рекорни цени на откупот и рекордна субвенција од 100 до 110 денари за килограм тутун од прва класа.

Продолживме со враќање на персоналниот данок на регистрираните земјоделци.

Спроведовме успешно авионско ортофото снимање на целата држава,

Ја спроведивме програмата за стипендирање на студенти на земјоделски, ветеринарни и шумарски науки со највисока 18.000 денари стипендија.

Ја спроведовме програмата за практикантство каде десетици студенти и дипломирани инжинери работеа во МЗШВ и за нив вратата е секогаш отворена.

Започнавме процес на реорганизација на МЗШВ како една од првите 3 институции во државата.

ФАО одобри проект на министерството за дигитализација во земјоделството.
#МЗШВ е на врвот на листата за транспарентност со 100 процентна исполнетост на условите за 2023 година.