Чест ми е што заедно со Министерство за внатрешни работи сме домаќини на Регионален форум на кој се изготвува „Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“, организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) – UNODC – United Nations Office on Drugs and Crime во партнерство со Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција (РАИ) – Regional Anti-Corruption Initiative – RAI, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Во наредните три дена, ќе се обидеме заеднички да ги дефинираме приоритетите за борба против корупцијата и нелегалните финансии во земјите од Западен Балкан.
Со огромен ентузијазам сме во исчекување на усвојувањето на финалните документи на 25 јуни 2021.
Ова е значаен чекор напред во борбата за која треба поддршка од секого и неопходна регионална соработка. Секој може да даде придонес, секој треба да тргне од личните постапки и да помогне да ја сопреме корупцијата“, посочи Николовски.
