Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска се сретна со градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов.

На средбата се разговарало за новата можност која преку новата ИПАРД 3 програма МЗШВ ја става на располагање за општините преку мерката за инвестиции во руралната јавна инфраструктура.

-17 милиони евра ставаме на располагање за поддршка на инвестиции за подобрување на животот во руралните населени места преку изгрдба на патна инфраструктура, водоводни и канализациони мрежи, но и поддршка во инвестиции за обновливи извори на енергија, порача министерот Николовски.
