Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не е време за политиканство во ваква криза која го погодува целиот свет.
„Верувам дека политиката ќе остане настрана токму во една ваква криза која што го погодува целиот свет, сите економии и нашето земјоделство“, вели Николовски.