Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е во работна посета на Брисел каде ги презентира резултатите од сработеното во земјоделството пред Европската Комисија во рамки на скринингот за Поглавје – 11.
– Денеска, заедно со моите колеги од МЗШВ ќе ги презентираме успешните приказни на виното и негова промоција, историјата на семејните винарии, промовирањето и поддршката на македонските производи ширум светот преку манифестации и саеми, поддршка за нашите земјоделци преку бројни програми како што е нашата “здрав оброк за секое дете”, и трговската размена на овошјето и зеленчукот.
Членството во ЕУ е наш приоритет, работиме посветено и одговорно за да ја оствариме оваа наша стратешка цел, порача денеска Николовски.

Македонското вино е нашата најголема национална гордост.
Ова се дел од факите кои беа презентирани во Брисел.
-Европскиот пат значи еднаква шанса за секого, и загарантирана иднина за младите во сопствената земја. Сите овие мерки и програми се согласно европските стандарди, а секој успех од истите е доказ и најголемо признание за целиот труд и работа што ги вложуваме, вели министерот Николовски.
