Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска ја продолжи својата работна посета од Виена кон Брисел.
Во Брисел денеска Николовски одржа работна средба со делегацијата на Европската канцеларија против измами – OLAF.
Како што информираат од кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, за време на работната посета била презентирана функцијата и улогата на кабинетот на Николовски во процесот на координација и заедничко дејствување на институциите во борбата против корупцијата.
За време на работниот состанок, Николовски на делегацијата на OLAF им ги презентираше преземените чекори кон проактивната борба против организираниот криминал и корупцијата останува фундаментална во сузбивањето на криминалната инфилтрација на политичките, правните и економските системи.