Николовски: Во борбата против корупцијата потребна е координација на институциите

Добро е што по три децении државата доби имотен лист, влеговме во НАТО…Не може да зборуваме за борба против корупција кога во минатото имавме проблеми од кои зависеше опстанокот на државата. Ние почнаваме од минусно салдо, целосно беше срушена довербата на граѓаните во системот и институциите. – посочи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во вечерашното гостување во „Економски магазин“ на Алсат ТВ.

Николовски зборуваше за итната потреба од координација на институциите во борбата против корупцијата. Тој истакна дека неповрзаноста на надлежните институции, финансиска полиција, МВР, министерсвото за правда, УЈП во делот со размена на информации, не смее да биде причина за ненапредување во борбата против корупцијата. Николовски увери дека координацијата на овие институции значително ќе ја зајакне соработката, а со тоа и борбата против корупцијата и криминалот.

-Не може институциите да се некоординирани во размена на податоци и работата во оваа тематика со цел конкретни разрешници. Многу работа не очекува, многу предизвици и цели се поставени пред нас, но со многу мотивација, енергија, искреност, чесност ќе покажеме резултати, посочи Николовски.

За оценките од Европската Комисија Николовски нотира дека Брисел ја поздравил сеопфатноста на новиот пристап во борбата протув корупцијата.

-Токму тоа го очекува ЕУ од нас – безкрупулозно, неселективно да го воспоставиме тој систем што не функционирал долго претходно. Да ја вратиме вербата на граѓаните во правда! – рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e