Целосно ќе бидам посветен на внатрешната организираност на СДСМ и структура која ќе работи во полза на граѓаните и тоа се целите на овие промени кои ги преземаме, рече во гостувањето на 1ТВ новиот Генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
“Раководството на СДСМ, и јас како Генерален секретар кој е одговорен за внатрешното функционирање, ги имаме тие овластувања буквално да ги мотивираме функционерите, директорите, градоначалниците, да ги следиме и контролираме заради тоа што СДСМ е партија која работи единствено во функција на граѓаните”, изјави Николовски.