Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски истакна дека мерит системот, анализите, анкетите, поддршката на граѓаните, точно ги детектираше победничките кандидати на СДСМ.
„Од друга страна Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се воделе од принципот кој им е прв на анкетите, туку кој им е поблизок на Груевски или на Мицковски.
Свесни за поразот, не застануваат зад најдобрите кандидати, за разлика од СДСМ, којашто го нуди најдоброто и во поглед на кадровска и на програмска понуда“, посочи Николовски.
