Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денес присуствуваше на деловен појадок со Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија.
-На денешната деловна средба ги слушнав проблемите, барањата и предлозите на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија. Отворивме многу теми и предлог – решенија клучни за развојот на земјоделството.
Како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, до Владата, веќе доставивме неколку предлог закони клучни за земјоделството, но и предлог информации во кои се содржани многу прашања кои денеска ги отворивме, меѓу кои и прашањето за земјишната политика.
Владата ќе води континуиран дијалог со сите засегнати страни во земјоделството, се со цел навреме да се преземат соодветни мерки за решевање на сите проблеми, потенцира министерот Николовски.


