Владата ја усвои Информацијата за листа на јавно достапни документи и информации за државните институции.
„Транспарентноста и отчетноста се врвен приоритет на Владата на РСМ. На денешната владина седница ја усвоивме Информацијата за листа на јавно достапни документи и информации за државните институции“ – информира воцепремиерот Николовски.
Согласно оваа информација, сите министерства и нивни органи, самостојните органи на државната управа, самостојните органи кои одговараат пред Владата, јавните претпријатија и акционерски друштва кои се во државна сопственост во рок од 30 дена се задолжени да ги објават документите и информациите наведени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Со информацијата е опфатена и локалната самоуправа. – појасни Николовски.