Вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 Тв Гоце Михајлоски одговори ќе бара од вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски.
За прв пат во македонската влада имаме вицепремиер за борба со корупција, каква ќе биде неговата улога?
За себе вели дека безкомпромисно и чесно ќе си ја „заработува“ платата, дали Македонија конечно доби нова генерација на политичари?
Како вицепремиерот за борба против корупција ќе се носи со клучниот проблем на реформските процеси – корупцијата во високите редови на општеството?
Ќе се „издигне“ ли политичкиот менталитет над „слаткиот“ поткуп, ќе „испливаат“ ли квалитетните кадри пред партиската војска?
Како ќе се носиме со бугарските политики, станува ли историјата услов за евентуално вето?
Злоупотребата на службената положба е „рак-рана“ во светски рамки, што и недостасува на Македонија за да влезе во ЕУ со „чисти раце“?
Вечерва Само Интервју со Љупчо Николовски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.