Николовски: Вам граѓаните ви давам збор дека ќе бидете горди на мене!

-Сончев ден, чисто небо, се чувствувам гордо што заедно со колегите од идниот владин состав стојам пред законодавниот дом, каде што мандатарот Заев го поднесе предлогот за нова Влада.

Со искусни кадри од кои со задоволство примам знаење и совети, но и со нови лица желни за работа, решенија и резултати, вам граѓаните ви давам збор дека ќе бидете горди на мене исто како што сум јас во моментов горд на нашиот мандатар и моите ценети колеги.

Позицијата која ми е доверена, вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси е нова, но со себе носи предизвици кои сите не засегаат. Како министер за земјоделство, шумарство и водостопанство имав една цел. Подоцна како генерален секретар на СДСМ ја имав истата таа цел. На крајот, кога добив чест да бидам прв човек на централниот изборен штаб на парламентарните избори ја имав сосема истата цел која ја имам и сега – кога ова ќе заврши и ќе се вратам наназад да можам секого да погледнам во очи и да му кажам „да, остварив резултати“!

Ќе дадам се од себе, но искрено и пријателски ќе побарам подадена рака и од сите вас мои колеги, пријатели, поддржувачи и секој друг кој му сака добро на нашето општество. Ова е заедничка борба. Успесите ќе нè обединат и обединувањето ќе ни донесе успех. Едното без друго не може.

ФБ статус на Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e