Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски соопшти дека денес го усвоиле Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансиски текови на Западен Балкан, заедно со моите колеги, министрите за правда и внатрешни работи, замениците министри, државните секретари и раководителите на антикорупциските тела во регионот.
„Патоказот кој го усвоивме на денешната конференција се фокусира на јавните набавки, обелоденувањето на имотот, воспоставувањето функционална оперативна мрежа на обвинители за корупција и економски криминал, како и единците за финансиско разузнавање во регионот.
Со оваа мрежа се стремиме кон воспоставување проактивен пристап кон криминалните дела какви што се кривичните дела за корупција, криумчарење пари, перење пари преку секторот за недвижнини, корупција во спорт“, истакна Николовски.

