Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски упати честитки по повод одбележувањето на две години од основањето на Агенцијата за национална безбедност.
„Две години нови стандарди на професионалност и исполнителност при вршењето на должноста за штитење на независноста, суверенитетот уставното уредување, основните човекови слободи и права на граѓаните!
Честитам за досегашната работа и преземени чекори кон враќањето на довербата на граѓаните во институциите!“, посочи Николовски.
